Минатиот викенд вандали уништиле повеќе млади садници во центарот на Македонска Каменица

Македонска Каменица 04.12.2018 година – Во текот на изминатиот викенд се уништени повеќе од десетина млади садници на листопадни дрвни видови во централното градско подрачје на Македонска Каменица.

Од Јавното претпријатие “Камена Река” најавуваат остри казни за несовесните учесници во овој вандалски чин. До граѓаните упатуваат молба за поголема совест во однос на одржувањето на урбаната опрема и животна средина во градот. Ваквата и слична, несакана забележана појава во иднина, апелираат да биде пријавена кај надлежите органи.

Ова е втора по ред појава на вандалско однесување на несовесни “граѓани” со причинета значителна материјална штета, по пријавеното уништување на урбаната опрема на градскиот базен во текот на летните месеци годинава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *