Минатата година во Македонија исчезнале 77 жени – по 11 се уште се трага

Минатата година во Македонија за исчезнати биле пријавени вкупно 77 жени.Од нив 66 биле пронајдени,а по 11 и натаму се трага. По нив биле распишани и централни потерници.

Вчера пак, полицијата во својот полициски билтен наведе дека татко трага по својата ќерка, а пак, дедо по внуката.

Завчера во Полициската станица во Гостивар,се јавил А.Ф. (42) од Гостивар и пријавил дека претходниот ден од домот во непознат правец се оддалечила неговата ќерка А.Ј. (20). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Сличен настан во Полициското одделение Сарај,пријавил и Р.А. (73) од с.Грчец .
Според него пред околу 20 дена од семејниот дом во селото.Грчец во непознат правец се оддалечила неговата внука П.Н. (26).

Засега полицијата сеуште нема сознанија каде би можеле да бидат двете пријавени девојки.
Обично досегашната пракса покажувала дека девојките кои се пријавени за исчезнати по извесно вренме самите се враќале дома или пак, биле пронајдени во домовите на лица со кои биле во љубовна врска.

Најмногу пријавени лица има во Скопје,а потоа во Тетово, Гостивар и Куманово.

Најдолго досега се трага по тетовката Елизабета Грнчаровска наставничка од Тетово. Таа во август 207 година мистериозно исчезнала додека била во Скопје. Од тој момент и се губи секаква трага и засега сеуште не се знае нејзината судбина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.