МИЛЕ ЈАНГЕЛОВ ГО ИЗВАДИ СВЕТИОТ КРСТ ОД КАМЕНИЧКА РЕКА

МИЛЕ ЈАНГЕЛОВ ГО ИЗВАДИ СВЕТИОТ КРСТ ОД КАМЕНИЧКА РЕКА

Миле Јангелов го фати Светиот крст што денес, по повод празникот Богојавление-Водици, беше спуштен во водите на река Каменичка. По Светиот крст во Македонска Каменица скокаа пријавени учесници, меѓу кои Миле беше најсреќен.

Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски му врачи пригодни подароци и посака годинава да биде исполнета со многу успеси, среќа и благосостојба за сите жители во општината.

Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

Богојавление или Водици е христијански празник кој се слави на денот на кој, според преданието од христијанската религија, Св. Јован Крстител го покрстил Исус Христос во реката Јордан.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=293945949431876&id=100064494197736

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *