Миграцијата зема се поголем замав. Скопје полно, помалите градови празни

Најновите податоци на Државниот завод за статистика за внатрешните миграции покажуваат зголемување на миграцијата од село во град. Во 2015 година, вкупниот број лица што мигрирале од рурална во урбана средина се зголемил за 2.7% во однос од претходната година.

Бројот на мигрирани лица на возраст 15-29 е намален за 2.0%, а на лицата што се на работоспособна возраст (30-64) е зголемен за 9.0%.

„Во 2015 година продолжува трендот на зголемување кај миграцијата од која било средина во урбана, особено во главниот град Скопје, каде што се доселиле повеќе од половината од мигрираните.

Салдото на надворешните миграции во Република Македонија (доселени- отселени државјани на РМ и странски државјани) во изминатиот период е позитивно и е резултат на зголемениот пораст на странците што се доселуваат во Република Македонија“, соопшти ДЗС..

Leave a Reply

Your email address will not be published.