Механизација и работници го чистат снегот во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 14.02.2021 година – Oд општина Македонска Каменица соопштија дека и утринава зимската служба и дежурните екипи на ЈП Камена Река во соработка со економскиот оператор за зимно одржување на патиштата, интензивно работат на расчистување на снегот во градот и сите рурални средини

„Од раните утрински часови дежурните екипи на ЈП Камена Река продолжуваат да ги третираат со сол и ризла сите градски улици. 35 вработени од ЈП Камена Река, како во текот на вчерашниот ден, така и денес, продолжуваат со чистење на снегот од најфрекфентните тротоари и пристапни патеки во Македонска Каменица“ – додаваат од Општината
Од ЈП Камена Река изјавуваат дека „во текот на вчерашниот и денешниот ден на улиците во Македонска Каменица и  локалните патишта во руралните средини биле истурени 40 m3 песок и 10 тони сол“.
Исто така, дополнуваат дека „во соработка со економскиот оператор задолжен за зимско одржување на патиштата и вклучена механизација од ЈП Камена Река, врши интензивно чистење на локалните патишта во сите рурални средини. Екипите остануваат на терен се до целосно нормализирање на проодноста на патиштата во сите селски средини“.
Локалната самоуправа алармира до сите граѓани да користат зимска опрема и да бидат одговорни учесници во сообраќајот: „Според временската прогноза, која предвидува температури под нулата, постои можност за појава на голомразица на некои од локалните патишта, особено во ридските и планинските делови од руралните средини на територијата на општина Македонска Каменица. Поради тоа, апелираме за внимателно и редуцирано возење, особено во вечерните часови кога температурата ќе се спушти и до -15°“.
Сообреќајот на патните правци од Македонска Каменица кон Кочани и Делчево се одвива отежнато, посебно кај ТТВ. Се препорачува прилагодена брзина, поседување на зимска опрема и внимателност кај возачите кои учествуваат во сообраќајот на овие патни правци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *