Метеоролог „одлепи“ пред камерите и сега сите му се смеат! (ВИДЕО)

Гери Френк е метеоролог кој го презентира извештајот за временската прогноза на ТВ-каналот Fox 17.

Неговите колеги од ТВ-станицата, како и бројни граѓани на Мичиген, не можат да дочекаат да стигне потопло време и негодуваат кога Френк ќе им каже дека ги очекува уште една дождлива недела со ниски температури што не се вообичаени за овој период од годината.

Видно изнервиран поради тоа, Френк пред неколку дена наместо вообичаениот извештај за времето „одлепи“ пред ТВ-камерите и почна жестоко да им приговара на колегите дека не е тој виновен што времето е лошо.

„Што е? Сакате да ве лажам дека ќе биде потопло?“, аргументира Френк.

Неговите колеги ова го дочекаа со смеење и не се единствените – „одлепувањето“ на Френк за кратко време стана интернет сензација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *