Местенки во женската кошаркарска репрезентација до 18 години?

Местенките и несоодветното креирање на составите во женските кошаркарски репрезентации на Македонија продолжуваат. Иако, во првичниот список објавен на официјалната страна на КМФ (05.06.2019 година),  се наоѓаа неколку кошаркарки од КК Баскет Кам од Македонска Каменица, по интервенции од други клубови, селекторките Жаклина Стојановска и Анета Глигорова, без никаква разумна причина, решиле истите да бидат отстранети.

Парадоксот во ваквото однесување на селекторките е во тоа што каменичките кошаркарки важат за едни од најталентираните во државата, а ЖКК „Баскет Кам“ неколку години по ред е учесник на завршните Ф4 турнири. На овој начин е нанесена огромна штета и неправда и кон младите каменички кошаркарки и кон „Баскет Кам“ – клуб во кој сериозно се вложува и работи.

За ваквото самоволно однесување на селекторките во женската кошаркарска репрезентација до 18 години ќе бидат известени сите релевантни спортски фактори, затоа што како што потенцираат од Баскет Кам, „време е да стави крај на срамниот избор во репрезентативните состави, мотивиран од лични интереси“.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *