Мелодрамата “Драга Јелена Сергеевна” утре гостува во Дом на култура – Македонска Каменица

Четврток 04. Април, со почеток од 20:00 часот, во Дом на култура – Македонска Каменица е термин резервиран за прекрасната театарска претстава “Драга Јелена Сергеевна”. Мелодрамата со почеток од 20:00 часот е во режија на Кети Дончевска Илиќ. Настапуваат Александра Пешевска, Александра Михајловска, Давид Илиќ, Никола Наковски и Мишо Димитријевски.

Од КИЦ “Романса” токму изведбата на оваа мелодрама ја најавуваат како настан кој долго бил очекуван од каменичката публика, која во изминатиот период е чест посетител на сите театарски претстави во Домот на култура

Влезот е со ограничен број на карти, истите можете да се купат во просториите на Дом на култура во Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *