МВР доцна синоќа ги “чешлаше” ноќните клубови во Скопје

Полициски екипи ноќеска на терен спроведувале акциски контоли во објектите низ главниот град. Како што дознаваме од неофицијални извори, на мета на ноќната акција на МВР биле угостителски објекти, ноќни клубови, агенции за обезбедување и други објекти.

Од МВР официјална потврда за контролите за сега нема.

Очевидец за Скопје Инфо сведочи дека полициски специјалци во оружје упаднале во познат ноќен клуб во скопската населба Капиштец. Според неговите изјави полицијата ги легитимирала присутните и направила рутинска контрола на објектот.

Најверојатно контролите на полицијата во објектите траеле до утринските часови, па официјални информации од МВР за тоа што полицијата открила и кои објекти се проверувале, ќе има во текот на денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.