МВР Билтен – Извадок на дел од дневни настани 22.09.2019

Извадок на дел од дневни настани 22.09.2019

 На 21.09.2019 во 23.25 часот полициски службеници од СВР Скопје, на бул.„Партизански одреди“ во Скопје го лишиле од слобода П.И.(22) од Скопје поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.09.2019 во 20.00 часот на ул.,,Љуботенска‘‘ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.И.(39) од с.Мала Речица, тетовско, кој бил баран од Казнено-поправната установа „Идризово“ за доиздржување на казна затвор во траење од три години и осум месеци. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Идризово“.

На 21.09.2019 во 22.30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го привеле И.Р.(26) од Скопје, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодвтене поднесок.

На 21.09.2019 година во 07.55 часот на Граничен премин „Меѓународен Аеродром-Скопје“ полициски службеници го привеле Б.Л.(26) од Република Албанија, поради тоа што при проверки било утврдено дека приложил лична карта од Република Грција, која била фалсификувана. Тој бил предаден на инспектори од Одделот за прекуграничен криминал за понатамошна постапка.

На 21.09.2019 во 16.30 часот на автопат Скопје-Велес, кај с.Катланово, патничко возило „ауди 5“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ф.Г.(44) од Богданци,  излетало од патот. Во незгодата Ф.Г. се здобила со тешки телесни повреди и починала на местото. Смрт констатирал лекар, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.Г.(45) од с.Зрновци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. На 07.11.2018 на регионалниот пат с.Зрновци – с.Лески, пријавениот со уште едно лице физички ги нападнале Г.Ѓ.(35) и Љ.Л. (34), при што им нанеле повреди.

На 21.09.2019 околу 14.55 часот во Полициската станица Кичево, од Медицински центар Кичево било пријавено дека при одржување на пробни автомобилски трки на патеката на поранешен воен полигон до касарната во Кичево, А.К.(58) од Скопје, управувајќи патничко возило „рено твинго“, му се слошило и излетал надвор од патеката. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.

 На 22.09.2019 во 02.00 часот во угостителски објект во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода Д.Ѓ.(25) од Неготино поради тоа што при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.09.2019 во 02.15 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, С.В.(60) од Кичево, управувајќи патничко возило „опел корса“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото, Ј.В.(54) и Б.А.(32), двајцата од Кичево, кои биле пренесени во Медицински центар Кичево за укажување лекарска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кичево.

На 22.09.2019 во 01.15 часот во близина на автобуска станица во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино го привеле С.Ј.(23) Кавадарци, поради тоа што при преглед кај него биле пронајдени ќесички со грутчеста материја во бела боја и таблети. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.09.2019 околу 01.15 часот полициски службеници од СВР Струмица го привеле В.И.(39) од с.Добрејци, поради тоа што физички нападнал двајца полициски службеници кои вршеле службени дејствија на ул.„Климент Охридски“ во Струмица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.09.2019околу 05.15 часот во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека во казино во с.Ново Село, по кратка расправија,бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Н. од с.Дражево и Д.Н. Се работи на расчитување на случајот.

На 22.09.2019 во 04.50 часот во Полициската станица Центар, А.П.(28) од Скопје пријавил дека во 03.00 часот пред угостителски објект на бул.„Партизански одреди“ бил физички нападнат од лице со кое претходно имал недоразбирање во угостителскиот објект. Се работи на расчистување на случајот.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.П.(54) и И.С.(67), двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“. Во текот на 2009 и 2010 година првопријавениот и второпријавениот, иницирале и донеле одлука за издавање под закуп на имотот на здружение по несразмерно ниска закупнина. Притоа, во текот на 2009 ова здружение основало друго здружение за иста намена, по што до МВР било доставено барање за префрлување на овластувањата. По ова, на 17.04.2010 пријавените иницирале и ја трансформирале сопственичката структура на второформираното здружение, при што пријавените се стекнале со удел од 82% во основачкиот влог и со право за дивиденда. Потоа, во текот на мај 2010 пријавените до МВР поднеле барање за овластување на второформираното здружение за вршење на технички преглед на возила, без да достават известување за промена на сопственичката структура. Исто така, пријавените, и покрај тоа што немало никакви законски, ниту статутарни основи за тоа, ја укинале дејноста – технички преглед на возила на првото здружение, поради што тоа немало приходи за да опстане.

На 21.09.2019 во 21.50часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Илинденска“ во Виница, по кратка расправија,бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка А.Д.(52) и Ѓ.Д.(27), двајцата од Виница. Се работи на расчистувањена случајот.

На 21.09.2019 во 21.15 часот во с.Челопек, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Х.(42) и Р.Л.(36), двајцата од Тетово, поради тоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *