МВР Билтен – Извадок на дел од дневни настани 29.10.2019

На 28.10.2019 полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија при СВР Скопје го привеле И.А.(30) од Скопје, затоа што при претрес во неговиот дом во населбата Чаир, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 28.10.2019 во 04.10 часот на Граничниот премин Делчево, на влез во Р.С.Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа-лична карта“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ бил приведен Ц.Т.(41) од Р.Романија, по што бил предаден во Полициската станица Делчево за понатамошна постапка.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                        На 28.10.2019 во периодот од 08.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Велес била спроведена акциска контрола на пешаци, кои прават прекршоци во сообраќајот. Притоа, биле откриени 25 прекршоци, од кои осум во Велес, четири во Кавадарци и 13 во Неготино. За сите прекршоци изречени се соодветни казни.

На 28.10.2019 во 08.35 часот на регионалниот пат Гостивар – с.Градец се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел зафира“, управувано од Х.И.(62) од с.Врбјани и патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Н.Б.(61) од с.Добри Дол, и двете со гостиварски регистарски ознаки. По незгодата, Х.И. бил пренесен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициска станица Гостивар.

Во текот на 28.10.2019 година на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека седум возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 15 возачи, од кои: четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 10 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден возач – почетник, кој не ги почитувал сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, еден возач на мотоцикл поради неносење заштитен шлем, 17 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 16 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се 11 пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 57 мандатни платни налози, а 65 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

На 28.10.2019 во 14.30 часот било пријавено дека на ул.„Македонско-косовска бригада“ Ш.З.(28) од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки“, изгубил контрола и паднал. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, по што бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ Скопје, за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

На 28.10.2019 година во времето од 08.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Струмица била спроведена акциска контрола со цел откривање на прекршоци сторени од страна на пешаци. Притоа, биле констатирани 18 прекршоци кои се соодветно санкционирани.

На 28.10.2019 во 09.30 часот било пријавено дека на ул.„7“ во с.Долно Соње, скопско, трактор „масеј фергусон“, со скопски регистарски ознаки, кој влечел приклучно возило – цистерна, без регистарски ознаки, управуван од И.Т.(62) од с.Долно Соње, скопско, излегол од коловозот и се превртел. Од здобиените повреди И.Т. починал на местото на несреќата. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

СВР Штип на 28.10.2019 во периодот од 08.00 до 14.00 часот спроведе засилена акциска контрола на прекршоци што ги прават пешаците. Од извршената контрола биле констатирани 21 прекршок, за кои се издадени соодветни поднесоци. Санкционирани се и 13 останати прекршоци.

На 28.10.2019 во 20.20 часот во Полициската станица Аеродром К.П.(21) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *