Мајка од Кочани пријавила дека и исчезнала нејзината тринаесетгодишна ќерка

На 01.12.2023 во 09.15 часот во Полициската станица Кочани, З.Н.(32) од Кочани пријавила дека на 27.11.2023 од домот се оддалечила нејзината ќерка Б.Н.(13).

Според пријавеното, набргу потоа, таа испратила порака на родителите да не ја бараат и дека ќе оди во странство.

Малолетничката неколку пати досега се оддалечувала и враќала во семејниот дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Leave a Reply

Your email address will not be published.