Од 58 венчани невести минатата 2018 г. во денешниот традиционален винички обичај за празникот Тодорова сабота се приклучија 17, продолжувајќи ја старата традиција за поклонување пред свекрвите и кршење погачи за здравје во домот.
Статистиката на храмот “Св.Архангел“ , минатата 2018 г. во својата евиденција има запишано 58 склучени бракови, што е за 10 повеќе од 2017г. Лани се крстени 124 деца, наспроти 119 претходната година, но од нив дури 34 ниту се родени ниту ќе живеат во Виница.