Масовна тепачка за паркинг во скопски Аеродром (Видео)

Двете семејства крвнички се тепаат во скопски аеродром, а да биде по бизарно тоа го прават присуство на малолетни деца и бројни минувачи.

Загрижувачко за психолозите е тоа што голем број од минувачите место да ги раздвојат, само “фаќале сеир” . За психологот Мирјана Јовановска, дополнителен проблем е и тоа што настани од ваков карактер се повеќе се снимаат и објавуваат, а загрижува тоа што вакви настани се се почести.

Причината зошто насилството во општеството се повеќе станува решение за многу луѓе, Јовановска ја наоѓа во сиромаштијата и нискиот животен стандард. Според неа, тоа се вистинските фактори, кои предизвикуваат за банални работи, како паркинг место да дојде до физичка пресметка.

Јавноста пред неколку месеци беше потресена и од слично видео кое беше објавено на социјалните мрежи, но овој пат од основно училиште во Неготино. На снимката која брзо се рашири по социјалните мрежи, можеше да се забележи како две девојчиња напаѓаат трета соученичка, додека другите соученици, гледаа од страна и снимаа.

Кликнете на фотографијата подолу за да го погледнете видеото

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *