Марфиеви закони: Секогаш постои полесен начин од оној кој сте го одбрале

Ако ви треба уште една причина да се насмевнете, тогаш сте на правото место. Марфиевите закони се одличен начин да го започнете денот.

nasmevnete-se-utre-ke-bide-poloso-01

Во продолжение се неколкуте најинтересни и најточни воедно:

– Секогаш постои полесен начин од оној кој сте го одбрале.

– Другиот ред секогаш се движи побргу.

– Личноста пред вас секогаш ќе го купи последното парче од она што ви е неопходно во моментот.

– Дупките секогаш се подлабоки отколку што изгледаат.

– Ако смислите нешто ново, некој веќе се сетил на тоа пред вас.

– Сите работи тргнуваат во погрешен правец во ист момент.

– Ако се сомневате во нешто, а ништо не преземате, најверојатно сте во право.

– Незгоди се случуваат само пред сведоци.

– Ако документот е строго доверлив, тогаш сигурно сте го заборавиле во копирницата.

– Техничката поддршка никогаш не видела проблем како вашиот.

– Секое решение го менува проблемот.

– Дури откако ќе го фрлите, ќе откриете зошто ви бил неопходен резервниот дел.

– Колку поценета е вашата титула, толку помалку ценета е вашата работа.

– Ако ви падне нешто што не може да се скрши, бидете сигурни дека ќе погоди нешто што е лесно кршливо.

– Кога чекате важен повик, задолжително ќе ви се јави вашата мајка.

– Ако доцните, јавниот превоз е точен. Ако сте на време, јавниот превоз доцни.

– Кога ќе ги научите правилата, ќе ги променат.

– Цената на фризурата е секогаш правопропорционална со силата на ветерот.

– Сепак, ништо не е толку лошо за да не може да стане полошо!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *