Младата кошаркарка на Баскет Кам 2011 во целост ја заслужи главната индивидуална награда на собирот во Македонска Каменица
Веднаш по завршувањето на финалниот натпревар во кој екипата на Бакест кам 2011 стигна до шампионскиот трофеј, беше избран и најкорисниот играч на турнирот во Македонска Каменица.
Главното индивидуално признание, од рацете на Јелена Антиќ, селекторот на женската репрезентација „Под 18“ години, замина во рацете на Марија Николов.
И повеќе од заслужени, ако се земат в предвид двете нејзини одлични партии, како во полуфиналето против Бадел 1862, така и во финалниот меч против ривалот од Крива Паланка.
Во последниот натпревар од сезоната, Николов реализираше 28.поени (2/8 за три, 8/16 за два и 6/10 за еден поен), додаде и шест асистенции, пет скока, три освоени и четири загубени топки за 37:34 минути поминати во игра.
Односно 22.индексни поени, најдобар индивидуален ефект и во финалето.