Малиот Русин едвај се качува на столчето, а неговите настапи останаат без здив: Зошто го викаат Моцарт на 21 век?

Малиот руски пијанист, кој има само 5 години, веќе го нарекуваат Моцарт на 21 век…

Елисеј Мисин има само пет години и веќе го нарекоа чудо од дете.

Младиот руски пијанист свири пијано како што никој досега не видел и не слушнал, се најчестите коментари на социјалните мрежи. Затоа е и тешко да се поверува дека има само пет години.

Тој едвај успева да се качи на столчето пред пијаното, а кога тоа ќе му успее, мора да ја помести за да може да ги дофати педалите на пијаното.

Талентот и макотрпната рабта му помогнаа на Елисеј да го освојува, не само публиката, туку и своите многу повозрасни колеги и професионалци од областа на музиката.

Најмногу сака да го свири концерот на Моцарт за пијано број 3, кој, како што забележуваат некои медиуми, воопшто не е лесен за изведба. По концертите го опсипуваат со овации, но и цвеќиња.

Тој моментално посетува едно училиште во Русија, а еден ден сака да оди на турнеи по целиот свет и да свири со големи оркестри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *