Македонци во Италија робувале кај Виничани и Кочанчанец (Видео)

Сторијата за која пишуваа бугарските медиуми, а kamenica.mk ја пренесе пред неколку денови почнаа да ја пренесуваат сите медиуми во дежавата.

Еве за што станува збор. Кои се најновите сознанија до кои дојдоа македонските медиуми и на кој начин ги пренесуваат овие случувања во Италија, каде наши сограѓани се упатуваат на сезонска и постојана работа во портага по подобар живот.

Македонци робувале кај Виничани и Кочанчанец во Италија. Дневно на нив заработувале и до 1000 евра

Мајка , син и неговата сопруга од Кочани заедно со двајца виничани и еден Бугарин  долг период биле  жестоки експлоататори на  свои сограѓани  од Кочани и Виница, но и на  сонародници од други македонски градови.

Групата работела преку фирма на 43- годишниот кочанчанец  регистрирана во Италија, а основна дејност  и била ангажирање на работници од Македонија  и посредување во нивно вработување на лозја во северниот дел од Италија односно во околината на градот Алба каде кочанчанецот Б.Г. живеел долги години.

Иако наизглед се било регуларно, по една година следење во Акцијата Сонце  италијанскита полиција открила  голем криминал, фалсификување на лични  меѓународни документи, експлоатација и затајување  на данок.

„Сакам да ве информирам за вториот дел од операцијата Сонце, која започна во месец јуни минатата година, а која се однесува на Македонија. Акцијата е финализирана минатата сабота.

Станува збор специфична акција на група Македонци, кои живеат овде во оваа зона и кои изготвувале и фалсификувале бугарски документи. Истите биле користени за слободно сезонско работење.

„ Македонската формација имала интенции да направи социјална зона на живеење за што регрутирале поединци. Тоа се случувало преку телефон, фејсбук и друг начин на интернет“ Сите тие комуникации ги имаме регистрирано. Во операцијата учествувал и возач, кој имал комбе и кој редовно возел од Бугарија носејќи ги документите„  рекоа на пресконференција италјанските карабинери

Веста за апсењето на Македонците  во Италија  на овие простори се пренесе  веднаш , а  паралено со нив  од Кочани и Виница излегоа и првите коментари  но и дополнителни  информации од секојдневнието  за сега уапсените.  Тамошните жтели не се многу изненадени од откритието на ителијанските карабинери, зашто сега веќе уапсените, во родните места уживале репутација на луѓе со матни активности  и нечесна работа.

Според дел од нив, 43 годишниот Б.Г. од Кочани  во Италија заминал пред повеке од 10  години како физички работник. Подоцна таму ги повлекол и останатите од семејството а потоа помагал на свои блиски да отидат и најдат работа во Италија и тоа  на лозјата каде тој претходно работел  од утро до вечер.

Целиот план  во бизнис го претворил откако  во работа  вклучил бугарски возач кој  за само 2-3 дена на нашинците од Бугарија им обезбедувал фалсификувани бугарски лични карти.  Со нив тие работеле  како Бугари и со валидни договори склучени   помегу фирмата на Кочанецот и италијанските винерии. Дополнително лошото во случајот е што Кочанчанецот на своите сограгани од  им плакал едвај по 2,5,  а договорите му биле по 7 евра за  час работа.

Невољата за нашите била уште поголема што кај себе ги немале своите документи и  било невозможно  да избегат  зашто ризикувале црн печат и високи казни.

Поради ова, Б.Г. од Кочани за кратко време станал  многу богат, а грубите пресметки кажуваат дека  во полна сезона зарботувал  и до 1000 евра на ден. За неколку години, тврдат негови сограгани, напрвил милиони кои воопшто не ги криел. Токму и тоа, според нашите соговорници,  веројатно била и причината за следење и откривање на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *