Македонците со бугарски пасош ќе го решат победникот на парламентарните избори во Благоевград и Ќустендил

Над 8.000 Македонци, можат да одлучат за победникот на бугарските парламентарните избори во Благоевград и Ќустендил, пренесуваат бугарските медиуми.
Според нив, на избирачкиот список само во овие погранични области има запишано вкупно 18.361 Македонец. Најголемиот број на Македонци на списокот во Ќустендил се од Источниот и Севериоисточниот регион. Овде главно се жители на Пробиштип, Кочани, Кратово и Крива Паланка, додека оние со двојно државјанство од останатите општини, повеќе гравитираат кон Благоевград.
Според тамошните власти, големата бројка на „странци“ со изваден бугарски пасош во оваа област не изнанадува, имајќи ја предвид територијалната блискост на Ќустендилската и Благоевградската Област со Македонија.
Освен Македонци, овде со право на глас се и 1.127 Срби и Црногорци. Сите заедно претставуваат 14 % од вкупниот број на гласачи , процент сосема доволен, да се одлучи победникот во оваа Област. Секако под претпоставка сите да излезат на гласање.
Се претпоставува дека во цела Бугарија, право на глас имаат близу 25.000 Македонци:
Многумина од Македонија доаѓаат во Софија, Ќустендил и Бугарија. Според мене 10-15.000 Македонци ќе гласаат на овој начин, изјави Красимир Каракачанов, прет. на ВМРО БНД.
Инаку, парламентарните избори во Бугарија се вонредни. Земјата влезе во политичка криза по победата на Румен Радев кој мораше да распише предвремени парламентарни избори, бидејќи Владата поднесе оставка откако нивниот претседателски кандидат изгуби на изборите.

Извор: ТВ Стар – Штипhttp://www.televizijastar.com/2017/03/25/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B8-%D1%9C%D0%B5-%D0%BE%D0%B4%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%B0%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%B8%D1%81%D1%85%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D1%83%D0%B3/

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *