Македонски автобус се преврте во Србија – 26 повредени

Македонски автобус се преврте во Србија – 26 повредени

26 патници  се повредени откако македонски автобус се преврте во Србија на магистралниот пат Прокупље – Блаце.

Автобусот кој утринава тргнал на еднодневна ексурзија за Копаоник околу 10 часот излетал од патот кој се реконструира веќе цел месец .Екипите на брзата помош веднаш пристигнале на местото на несреќата , 18 од повредените се однесени во болницата во Блаце , а осум во Прокупље.

Од болницата во Прокупље јавуваат дека иако патниците се со лесни повреди ќе бидат задржани за да им направат дополнителни прегледи.

Вон животна опасност се ,се уште се работи на дијагностикасе уште не се снимени и допрегледани сите ама сите се вон животна опасностнемојте да се грижите тука ќе бидат додека не се заврши дијагностицирањето.

Ургетен центар – Болница Прокупље 

Од болництаа во Блаце неофицијално велат дека повеќето патници се од Радовиш. Не е познато од каде тргнал автобусот на кој крајна дестинација требаше да му биде Копаоник, за која автобуски  компанија станува збор и кои се причините за несреќата.

Амбасадата на Македонија во Белград е во пoстојана комуникација со надлежните органи.Последните информации од МВР на Србија се дека се уште се врши увид на несреќата , а на терен излегол и надлежен јавен обвинител.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *