Македонските фудбалери со прв тренинг, почнуваат подготовите за ЕУРО 2020

Македонската фудбалска репрезентација од денеска и официјално ќе ги започне подготовките за учевството на Европското првенство.

По вчерашниот официјален собир, селекцијата предводена од Игор Ангеловски денеска ќе го одработи и првиот тренинг, закажан од 18 часот на теренот на ФФМ.

Со амбиција за успешен настап, нашите најдобри фудбалери во рамките на подготовките ќе одиграат и две контролни средби на 1 јуни против Словенија и на 4 јуни притив Казахстан во Скопје.

На 8 јуни, репрезентацијата се сели во Букурешт каде ќе биде и тренинг базата за ЕУРО 2020.

Македонија на ЕП ќе дебитира против Австрија на 13 јуни на „Националната Арена“ во Букурешт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *