Македонските одбојкари патуваат на Европско првенство

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва оствари историски успех пласирајќи се на Европското првенство за првпат.

Нашата репрезентација ја совлада селекцијата на Унгарија со 3:0 во сетови во натреварот кој се одигра во СРЦ Кале.

Европското првенство ќе се одржи од 13 до 29 септември годинава за прв пат во четири земји домаќини, Белгија, Франција, Холандија и Словенија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *