Македонскиот млад композитор Симеон Ангеловски доби награда на интернационален онлајн натпревар

Текстот од  ексклузивното интервју со младиот македонски композитор во објавата подолу во целост е преземено од text.mk
Се надеваме дека наскоро ќе бидеме во можност да оствариме средба со Симеон Ангеловски, која ќе ја искористиме за ново интервју во кое нашиот сограѓанин че ги дознаеме идните планови на „Калата“.
Повелете:

Новото време донесе нови можности и шанси, да може со едно “копче” овде, да се ожнее успех некаде далеку. Каде што некогаш било просто невозможно. Тоа е моќта на интернетот, и моќта на музиката. Во овој случај таков среќник кој постигна голем онлајн успех е младиот македонски композитор Симеон Ангеловски.

-Станува збор за интернационален контест за скоро секој жанр на музика, и каде жирито е составено од најпознатите светски музички имиња од типот на “Колдплеј”, “Линкин парк”, Дуа Липа и уште многу други. Победник на овој натпревар во 2019 година беше песната “Dance Monkey” во една од категориите, инаку песнава се уште е актуелна и е мегахит. Оваа година јас конкурирав, со мојот проект – бенд “Калата” и првиот сингл “Ка се заљубиле”, песната влегува во полуфинале во категоријата Ворлд мјузик. Ми стигна и диплома за мојот успех. Ова се одржуваше онлајн, преку аплицирање на нивниот веб сајт – ни раскажа младиот автор за натпреварот Интернешнал Сонгврајтинг Компетишн.

-Нашиот бенд се вика “Калата” (се изговара” Калàта” ). “Калата” почнува како дуо во 2018 година. Денес сме 9 луѓе во бендот. Имаме снимено три песни досега. Уште три се во изработка моментално, односно се снимаат, наскоро ќе имаме и албум, најавува младиот амбициозен автор.

Нивната музика се преработени стари македонски ора и песни, а аранжманите на цел албум се негови.

-Идеата е да се зазвучи светското преку македонското, нагласува Ангеловски.

Инаку, потекнува од Македонска Каменица, студира во Скопје на ФМУ, за него допрва ќе се чуе.

Како објаснување: Калата е древен рударски град, односно место на кое што некогаш имало рударски град, а станува збор за остров (а некогаш и полуостров) на езерото Калиманци. Ва. Ѓ. Парго

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *