Македонска Каменица ја зафати СИЛНО НЕВРЕМЕ – интензивни врнежи од дожд, грмежи и град

 

Македонска Каменица, 04. Јули 2019 година – Денес, во доцните попладневни и вечерни часови, Македонска Каменица беше зафатена од интензивни врнежи од породен дожд, град и силни електрични атмосферски празнења.

 

 

Екипите на ЈП Камена Река, веднаш излегоа на терен, реагираа на повеќе места и констатирани се поголеми количини на наносен материјал. Кон чистење на критичните места се пристапи веднаш, екипите остануваат на терен да ја следат состојбата и во вечерните часови. Чистењето и санацијата на настанатите штети, според најавите од претпријатието,  ќе започнат рано наутро, уште во раните утрински часови. Ситуацијата е под контрола, не се констатирани поголеми штети по имотите на жителите во индивидуалните и колективни живеалишта на територијата на општина Македонска Каменица.

На граѓаните им препорачуваме во случај на појава на електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја. Сточарите пак, своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат од опасности предизвикани од честите атмосферски празнења.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *