Македонска Каменица, Кочани и Штип со средства од европските фондови ќе работат на почиста животна средина

Македонска Каменица, 05.03.2020 година – Македонска Каменица, Штип и Кочани ќе добијат шанса за средства со кои ќе обезбедат почиста животна средина. Ова на трите општини од Истокот им го овозможува Фондацијата Фридрих Еберт, која на општините преку понудената соработка им ги доближува европските пракси во оваа област.

На прашањето: Што ова ќе значи за Македонска Каменица како една од најмалите општини во регионот, одговори градоначалничката  Соња Стаменкова:
„За нас тоа ќе биде од голема важност затоа што практикувањето на добрите практики кои дале резултати во ЕУ- неможеме тоа да го пресликаме во нашите општини но можеме да го прилагодиме за задоволување на стандардите“ .

Заштитата на животната средина е еден од приоритетите на развиените земји. Оттука, колку побргу сакаме да го фатиме европскиот чекор, толку повеќе мораме да ги подигнеме еколошките стандарди.
Ова подразбира промена на приоритетита на општините, но во исто време и промена на навиките и на граѓаните, – дополни градоначалничката Стаменкова

„Сите заеднички да направиме посета во Хрватска каде ќе ни бидат презентирани практики и позитивни искуства за отпад, и животна средина особено кога сме во фаза на отпочнување на разговори со ЕУ“ изјави Николчо Илијев, градоначалник на општина Кочани

Трите општини веќе ги мапирале и приоритетните проблеми во делот на екологијата и заштитата на животната средина:
„Сите општини во нашата држава се соочуваат со решавањето на депониите тоа е еден од клучните проблеми кои треба да ги решиме, понатаму за решавање за животната средина да се применуваат новите технологии на загревање и секако подигање на јавната свест “ изјави Николчо Илијев, градоначалник на општина Кочани

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *