МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА: ИНФО ДЕН НА МЗШВ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ИПАРД 2014 2020

Македонска Каменица,12.02.2020 година – Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Сектор за управување со ИПАРД фондови организира Инфо ден за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014 – 2020.

Инфо денот ќе се одржи во Домот на култура во Македонска Каменица на 18 февруари со почеток од 15:00 часот.

На настанот заинтересираните покрај можноста за поставување на прашања ќе имаат можност да се запознаат со ИПАРД можностите за рурални средини, Мерките 1, 3 и 7, приоритетните сектори со дадени критериуми и прифатливи инвестиции. Исто така во рамки на Инфо денот ќе имаат можност да се запонзаат со начините за диверзификација на фарми, развој на бизниси и со Програмата преку која со Јавен повик можат да обезбедат користење на средства, како и информација за потребните документи и деловните планови за работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *