Македонска Каменица инвестира во хортикултура. Здравата животна средина е врвен приоритет.

Општина Македонска Каменица спроведена јавна набавка и потпиша договор за „Набавка и испорака на расаден материјал од декоративни зимзелени и листопадни дрвја и грмушки за свои потреби“. Според договорот ТД „Флорогарден“ ДООЕЛ од Струмица треба да набави вкупно:

  • 175 садници декоративни четинари – (разни видови на Туја, Смрека, Смрча, Тиса, Хамаеципарис, Елка, и неколку видови на Чемпреси);
  • 124 садници декоративни листопадни дрвја – (Јавор, Бреза, Каталпа, Липа, Врба, Магнолија, Платан и Багрем);
  • 95 садници зимзелени грмушки и четинари погодни за жива ограда – (Берберис, Котонастер, Жива ограда, Бршлен, Спиреа, Смрека ( пузавец) како и неколку садници на Јапонска дуња).

Вкупната вредност на договорот е 159.088 денари, а садниците ќе бидат доделени на Јавното претпријатие „Камена Река“ кое според својот план за пошумување ќе ги засади во градското подрачје. Покрај хортикултурното уредување и разубавување на градот, со новите садници ќе се придонесе и за поздрава животна средина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *