Македонска Каменица за првпат ќе избира Спортист на годината

Општина Македонска Каменица објави Јавен повик до спортските клубови и спортските училишни работници за избор на Спортист на годината за 2019 година на општина Македонска Каменица. Јавниот повик објавен од Комисијата за спорт на општина Македонска Каменица ви го пренесуваме во целост:

ЈАВЕН ПОВИК ДО СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ И СПОРТСКИ УЧИЛИШНИ РАБОТНИЦИ
ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ИЗБОР НА СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА НА
ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

 

Општина Македонска Каменица организира Избор на спортист на годината за 2019 година. Од таа причина Комисијата за спорт формирана од Совет на општина Македонска Каменица ги повикува спотските клубови и спортските училишни работници од Македонска Каменица да номинираат успешни спортисти до наведената комисија.

Изборот на спортист на годината во сениорска, младинска, детска и категорите ветерани и спортисти поеднци ќе биде извршен според Правилник за избор на спортист на годината изготвен од Комисија составена од претставници на спортскиот актив во Македонска Каменица. Пријавувањето трае заклучно со 22.01.2020 година. Кандидатурите за Спортист на годината до наведениот краен рок можат да бидат доставени во просториите на општина Македонска Каменица (Општински Центар за услуги).

Манифестацијата за избор на спортист на годината ќе се одржи во Домот на култура во Македонска Каменица во периодот од 25.01.2020 до 01.02.2020 година.

Пријавата за кандидирање на спортист на годината спортските клубови и спортските училишни работници можат да го преземат од следниов линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *