Македонска Каменица заедно со 5 општини од регионот со иницијатива за формирање на ЛАГ “Брегалница”

26. Јануари 2018 каменица.мк

Македонска Каменица и 5 други општини од Истокот со иницијатива за формирање на ЛАГ „Брегалница“. Иницијативата е покрената од Здружението „Јавор“ од Зрновци, а се однесува на општините Кочани, Виница, Зрновци, Чешиново-Облешево, Македонска Каменица и Пробиштип.

Локалната акциона група на шесте општини треба да реализира стратегии за локален развој на рурални средини.

Вообичаено територијата на нејзино дејствување е најмалку во две општини кои граничат, а групата треба да има изготвено заедничка стратегија за локален развој на руралните средини.

Кочани е првата општина што ја прифати иницијативата, а се очекува до крајот на месецот и Советите на останатите општини да одржат седници и да дадат согласност за формирање на ЛАГ. Потоа се очекува да се одржи основачко собрание и да се изберат претставниците во телата што ќе ја сочинуваат групата. Крајниот датум за нејзино основање е 10 февруари.

Претходно, на идентичен начи се организираа општините Берово, Пехчево и Делчево:

  • Лаговите и во Европа и во целиот свет функционираат на тој начин со проекти. Ние и досега користевме средства од проекти, но сега здружени сите заедно можеме да добиеме и поголеми средства што ќе придонесе за развој на регионот, изјави Горан Трајковски, градоначалник на Делчево.
  • Развојот на територијата на руралните заедници е согласно со принципот одоздола нагоре.Значи врз основа на реалните потреби и приоритетите искажани од сите засегнати страни на локално ниво се креираат политиките за развој и се имплементираат. Во изминатите две години засегнатите страни од микро регионот рабтеше на подготовка на стратегија за рурален развој во кој се дефинирани проиоитети за следниот период, мерки и насоки, кажа Јасминка Пашалиска-Андоновска- „Амброзија“- Пехчево.

Идентичен ЛАГ ќе формираат и општините Штип, Карбинци, Радовиш и Конче и истиот ќе го има името „Плачковица“.

Извор: СтарТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published.