Македонска Каменица е потписник на Европската повелба за полова еднаквост во локалните заедници

Денес, во Салата за состаноци во Домот на култура во Македонска Каменица, градоначалникот Соња Стаменкова ја потпиша „Европската повелба за рамноправност на мажите и жените во локалните заедници“.

„Денес Македонска Каменица станува дел од една силна и извонредна европска иницијатива за рамноправност помеѓу мажите и жените. И покрај сите досегашни напори, силна посветеност и макотрпна работа на маркантни личности, во секојдневниот живот сеуште не постои потполна еднаквост помеѓу половите. Ми претставува огромна чест што оваа Повелба ќе биде потпишана и од наша страна со што ќе станеме дел од големото европско семејство на локални заедници кои ќе преземаат конкретни акции и чекори за полова еднаквост.

Општина Македонска Каменица нема да застане тука. Потпишувањето на Повелбата е само прв чекор, а во наредниот период ќе изработиме Акционен план и ќе ги дефинираме сите идни активности  за целосна полова еднаквост. Ќе продолжи нашата грижа за основните човекови права и потполно искоренување на дискриминацијата по било кој основ. Подеднакво ќе ги вклучиме и мажите и жените во процесите на донесување одлуки на локално ниво и заеднички ќе работиме на надминување на стереотипите“ – изјави Соња Стаменкова – градоначалник на општина Македонска Каменица.

Пред официјалното потпишување на Повелбата, а во организација на општина Македонска Каменица, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и КИЦ „Романса“ беше поставена ликовна изложба и беше оддржано литературно читање на тема „Сите сме еднакви“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *