Македонска Каменица, 19.06 2019 година – На 23. Јуни во недела, Македонска Каменица ќе биде домаќин на Меѓународен детски турнир во Мал фудбал за генерации 2008/09.
Покрај домашната екипа ФК “Караман – Џафер” од Македонска Каменица, на турнирот ќе учествуваат и ФК Јабланица од Србија, ФК Торпедо – Кочани и ФК Разловци од Разловци.
Организаторот и спонзор на каменичката екипа Караман – Џафер, почетокот на турнирот во Спортската сала во Македонска Каменица го најавува од 12:00 часот.