Македонска Каменица добива Дневен центар за лица со посебни потреби

Македонска Каменица 17.09.2018 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова и Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денес во 13:00 часот ќе го пуштат во употреба Центарот за лица со посебни потреби во Македонска Каменица.

Во дневниот центар покрај лицата со умерена и тешка интелектуална попреченост на возраст до 18 години, ќе бидат опфатени и постари возрасни лица. Ќе се изведуваат програмски активности кои ќе се однесуваат на реализација на индивидуална програма за работа за секое лице, но ќе има и програма за групни активности, како и работа со родителите на корисниците. Сево ова ќе овозможи оспособување за самостојно живеење, социјализација и интеграција на лицата со интелектуална попреченост во локалната заедница.

Со реализацијата на оваа иницијатива, општина Македонска Каменица во соработка на МТСП покажува дека проолжува со определбите за вклучување на оваа група граѓани во општеството преку поддршка на предвидени проекти и активности како дел од Програмата за работа на Општината.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *