Македонска Каменица го одбележа Св. Харалампиј – заштитникот на пчеларите

Здружението на граѓани – „Еко Кам Мед“ од Македонска Каменица денес пред православниот храм – Успение на Пресвета Богородица организираше собир на членовите на Пчеларското здружение. На собирот беа поделени медоносни садници Styphnolobium japonicu и evodia кои пчеларите ќе ги засадат во своите пчеларници со што ќе го подобрат приносот на мед бидејќи овие дрва цутат во покасните месеци во годината кога веќе престанува цветната паша на пчелите. Оваа мерка Здружението ја реализира со помош на Локалната самоуправа која ѝ оваа година даде поддршка на невладиниот сектор за реализација на своите програми.
Здружението на граѓани – Еко Кам Мед најави богата програма за 2018 година која ќе содржи соодветни обуки и набавка на литература за пчеларите од Македонска Каменица. Здружението ќе организира и посета на пчеларници надвор од Македонска Каменица со што пчеларите ќе можат да остварат контакти и размена на ускуства со пчеларите од другите региони.
На настанот присуствуваше и Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова која издрази задоволство од активностите на Здружението и најави зголемена соработка и помош кон пчеларите.
Според изјавите на некои од пчеларите, едно пчелно семејство може да даде и до 40kg мед годишно, а имајќи ја во предвид цената на медот на пазарот – пчеларството претставува финансиски значителено исплатлива дејност. Инаку „Еко Кам Мед“ има над 60 членови на здружението кое е во тенденција на пораст. Радува фактот дека има се повеќе млади пчелари кои се зачленуваат во Здружението кои гледаат егзистенција во оваа дејност.
Пчеларите им препорачаа на граѓаните да купуваат мед од локалните пчелари со што ќе бидат сигурни дека притоа купуваат исклучиво квалитетен природен мед.

DSC04088.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published.