Македонија пред малку забележа пораз на квалификациите за ЕП во Хрватска. На гостувањето во Чешка убедливо сме поразени од домашната селекција, која славеше со резултат 35:28 (18:12). Ова е наш прв пораз во тековните квалификации и четврти пораз на Македонија на досегашните гостувања во Чешка, каде имаме забележано само еден нерешен резултат од петте досега одиграни средби.
Македонија за жал одигра лошо прво полувреме, кое и ја реши судбината на денешната средба. Македонија играше добро само во воведните неколку минути, се до 2:2, за потоа да доживее вистински дебакл со серијата на Чесите од 8:1, за 10:3. Нашите репрезентативци се обидоа да возвратат, но до крајот на првото полувреме успеаа да ја намалат противничката предност за само еден гол, 18:12.
Нашите репрезентативци одлично го почнаа и второто полувреме, кога, со серија од 4:1, намалија на 19:16. Но, тоа беше се за денеска, бидејќи чешките репрезентативци многу брзо повторно ја презедоа контролата врз играта и брзо стигнаа до денеска максималните +9. Конечниот резултат од овој натпревар е 35:18.
Овој квалификациски циклус ќе продолжи на 3 мај 2017 година, со домашниот натпревар против Исланд.
Чешка – Македонија 35:28 (18:12)
Чешка: Галиа (13 одбрани), Мрква (1 одбрана), Хрстка 10, Бечвар 5, Јурка 4, Собол, Хорак, Котрц 1, Стехлик, Бабак 4, Линхарт 3, Петровски 6, Здрахала, Узек 2, Ланда и Риха. Седмерци: 3/3. Исклучувања: 8 минути.
Македонија: Ристовски (3 одбрани), Даскаловски (3 одбрани), Манасков 8, Стоилов 1, К.Лазаров 9, Митков, Јоновски, Талески 4, В.Маркоски, Н.Маркоски 1, Прибак, Георгиевски 1, Ф.Лазаров, Ојлески, Кузмановски и Нелоски 4. Седмерци: 5/7 Исклучувања: 8 минути.