Македонија на дното во Европа според коефициентот на интелигенција кај населението

Следната мапа е базирана на статистичките податоци од трудот „The g-Factor of International Cognitive Ability Comparisons“ од Х.Риндерман.

 

европа

Риндерман користел достапни мерења на интелигенцијата во неколку држави, нормализирајќи ги податоците со користење на таканаречен „Гринич IQ“ и применил одредени приспособувања за да ја процени просечната интелигенција на целото население.

Запомнете: IQ претставува способнста за решавање на одредени визуелни и вербални проблеми. Пониската интелигенција во една земја не значи дека нејзините жители  се поглупави од оние од другите земји, меѓутоа може да укажува на тоа дека нивниот пристап до квалитетно образование е пониско во просек.

Забелешка: Косово е дел од Србија, а Крим е дел од Украина за целите на статистиката. За жал, нема статистички податоци достапни за Црна Гора.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *