Маж јадел ќотек од две жени во беровско Русиново

Два жени и еден маж, синоќа жестоко се тепале во беровско Двориште. Зошто крвта меѓу нив зоврела до усвитување се уште не е познато, но дека се сериозно лути потврдува и изборот на орудија за напад. Имено, секој од нив, во рацете држал стап, гранка или држале од алата.

Најверојатно се работи за членови од исто семејство, а домашната кавга ескарлирала во маалска тепачка и соседски сеир.

Поголем инцидент спречила полицијата , по што сите тројца завршиле во станица. Се уште се работи на документирање на случајот, по што против сите тројца ќе следуваат пријави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *