Бугарската полиција привела маж и жена од Пазарџик, поради смртта на едногодишно бебе чие тело е пронајдено завчера – јави новинската агенција БТА.
Притворени се мајката на бебето, 30 годишната М.Х. и 27 годишниот С.И., со кого мајката живеела.
Според истрагата, мајката честопати го оставала бебето само со С.И.
Се смета дека С.И. го убил бебето удирајќи го во главата, затоа што тоа многу плачело.