Луѓето што секогаш доцнат се покреативни и поуспешни

Сите ние го имаме оној пријател или колега кој никогаш не стигнува на време. Тоа се луѓе немаат лоша намера и не сакаат да нè нервираат, но едноставно доцнењето е во нивната природа.

Ако за некои луѓе е секојдневие успешното менаџирање на времето, за нив е тешкотија бидејќи никако не можат да направат приоритети во распоредот, за нив се е важно.

Доцнењето претставува голем проблем, посебно кога станува збор за работа. Иако различни култури имаат различен пристап кон доцнењето, сепак во голем дел од западниот свет тоа се смета за непрофесионално и некултурно.

Но, целата оваа проблематика има и друг аспект на гледање на работите. Луѓето кои доцнат не се мрзеливи, туку тие се мултитаскинг , иако не успеваат да го изменаџираат времето на пристигнување, тие прават многу работи истовремено. Тоа е причината заради која губат чувство за време.

Земете го за пример Ештон Кучер кој е продуцент, има своја вирална компанија, инвестира во бројни старт-ап проекти и хајтек компании како Skype, Spotify и Foursquare. И да, тој е еден од најуспешните актери во моментов, но за него важи правилото дека секогаш доцни.

Позитивниот пристап е сè

Ако забележувате дека ви снемува време и доцните со распоредот, тоа од причина што сте оптимист. Да, да убаво прочитавте. Ако сте оптимист, секогаш имате тенденција да мислите дека имате повеќе време отколку што навистина имате. Има смисла, нели? Токму овој став ги прави тие што доцнат успешни во животот.

13649548_10210515716397012_671833959_n__1468337568_77.29.252.164

Луѓето кои припаѓаат на групата Б секогаш победуваат

Во 50те е направено истражување во кое луѓето биле поделени во две групи според личноста која ја носат: група А и група Б.

Оние кои секогаш биле пред време ги карактеризирале како нетрпеливи и компетитивни(група А), а оние кои доцнеле биле дефинирани како релаксирани и креативни личности(група Б).

Тоа е од причина што за инспирација секогаш е потребен релаксиран пристап, кој ќе му овозможи на умот да дише и да креативно да се насочи.

Затоа следниот пат кога некој ќе ви задоцни, немојте веднаш да осудувате. Ако е вработен, со полн распоред обврски, тоа значи само дека се обидува да ве испочитува и вас, но и да ги заврши плановите кои ги има на распоред.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *