Луковица и Косевица поврзани со асфалтен пат

Македонска Каменица, 04.11.2020 година – Општина Македонска Каменица објави соопштение за јавност во кое го најави почетокот на реализацијата на последната фаза од изградбата на локалниот асфалтен пат кој во иднина ќе ги поврзува село Луковица и село Косевица.

Во текстот од соопштението за јавност на градоначалничката на општина Македонска Каменица стои дека, вкупната должина на асфалтниот локален пат со ширина од 4 метри изнесува скоро 2 километри.

Пред оваа завршна фаза, по пробивањето на трасата и тампонирање на подлогата, уреден е и системот за регулација и одводнување на атмосферските талози.

Општина Македонска Каменица продолжува со реализација на проектите кои ги подобруваат условите за живот на граѓаните во руралните средини, ја подобруваат нивната мобилност и го помагаат локалниот економски развој, – стои во продолжението на соопштението за јавност од општина Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *