Лука Дончиќ руши рекорди во НБА

Фановите во САД, особено експертите блиски до НБА екипите, не знаеја што да очекуваат кога Лука Дончиќ се пријави на овогодишниот драфт.

Словенецот беше избран како трет пик од Атланта, но веднаш беше преселен во Далас, каде испишува историски бројки во најсилната лига во светот. Неговиот учинок во победата над Бостон му послужи да го надмине Кевин Дурант, кој важи за еден од најдобрите новајлии кои лигата некогаш ги видела.

Тинејџерот од Љубљана на сите 18 натпревари оствари двоцифрен број на поени со што прескокна еден од најдобрите шутери, кој во свое време слични бројки запиша на 17 меча.

Адаптацијата и статистичките податоци го прават Дончиќ голем фаворит за наградата „руки на годината“ во тековната сезона во НБА лигата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *