Ловното друштво „Каменица Саса“ во континуитет врши прихрана на дивечот

Ловното друштво „Каменица Саса“ во континуитет врши прихрана на дивечот

Ловното друштво „Каменица Саса“ во целиот изминат зимски период вршеше прихрана на дивеч во подрачјето кое е под концесија на Друштвото. Најголем помагател за набавка за храна за дивечот е Рудник „Саса“ и од Ловното Друштво упатуваат огромна благодарност за компанијата која со години ги помага речиси сите локални акции, активности и настани.
Ловното друштво „Каменица Саса“ упатува молба до сите ловци да не ги пуштаат нивните ловни кучиња на теренот , со што ќе се спречи вознемирување на дивечот кој е во период на размножување.
Исто така, од ЛД „Каменица Саса“ испраќаат и порака до сите нивни членови, но и до сите граѓани воопшто, да ги следат и да ги почитуваат препораките за заштита од Ковид – 19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *