Денес со почеток во 12:30 часот во Домот на културата во Македонска Каменица учениците од ООУ “Кирил и Методиј” и ДСУ “Миле Јаневски – Џингар” пред своите соученици и граѓаните на Македонска Каменица ги читаа своите лични творби на тема “Народни херои”, инспирирани од ликот и делото на Гоце Делчев, Миле Јаневски -Џингар и Вера Јоциќ.
Сите ученици учесници добија Благодарница за своите творби и учеството од организаторот на литературното читање КИЦ “Романса” од Македонска Каменица.