Македонска Каменица, 08. Март 2023 година – По повод одбележување на 8. Март -Меѓународниот ден на жената, учениците од IVa клас при СОУ Миле Јаневски Џингар, Андреј Лазаревски и Лина Стојчевска подготвија презентација за средношколците од I година.
– Целта на презентацијата беше да ги запознаат учениците со дел од правата на жените и нивната рамноправност. Причините за празнување на овој ден и придонесот кон разбивање на стереотипите, стои во објавата од СОУ Миле Јаневски Џингар кои во продолженеие од истата, на сите припаднички од понежниот пол им го честитаа празникот 8. Март.
Пишува: Горан Бразда Ристовски