Легализација на канабисот за приватна употреба?

Слободата на избор и човековите права се загрозени доколку се уште поседувањето и употребата на канабисот се сметаат за криминална активност. Со консумација на канабисот во било каква форма не и наштетуваме на државата, ниту пак на луѓето околу нас. Активистите од здруженијата за легализација и декриминализација на употребата на канабис и  претставници од политички партии со заеднички став околу ова прашање.

Пратеничката од ЛДП, Јулијана Николова смета дека за да станеме модерна и демократска држава мораме да имаме законско решение кое кореспондира на реалноста, а не да живееме во митови дека канабисот е штетен по здравјето и создава зависност. Убедена е дека собранието ќе го декриминализира канабисот за рекреативна употреба.

„Сметам дека не мора лично да сме засегнати со нештата за да бидеме проактивни во општеството. Напротив, да не звучам груба како пример, не треба да чекам да се разболам за да сфатам дека со употреба на канабисот ќе ми се намалат болките“, вели Јулијана Николова – ЛДП

Од Левица пак сметаат дека треба да се овозможи одгледување на одреден број на стебла во медицинска употреба, а поради позитивните бенефити, најголем непријател на легализацијата е фармацевтската индустрија. Освен фармацијата, велат отпор има и од конзервативните партии.

„Во Собранието, при гласање, погубно би било за демохристијанското гласачко тело  и конзервативните партии да прифатат едно вакво решение. Не очекува една голема битка“, вели Дамјан Божиносвки – Левица

Јанаки Митровски од здружението Билка, вели дека во Македонија праксата е полоша од законот. Власта треба да направи повеќе измени во законот со кој сите граѓани ќе имаат бенефит од одгледување на канабис, а не само малкуте правните лица кои поседуваат лиценци.

„Начинот на контрола треба да се префрли кон Министерството за земјоделство. Не е проблем секој дома да има до десет растенија и тоа да е под лиценца на Министерството за земјоделство“, вели Јанаки Митровски – Здружение за канабис и зелени политики БИЛКА

Канада, Чешка, Португалија и Холандија се само дел од земјите каде што е легализиран канабисот за рекреативна употреба.

Во Македонија во моментов е дозволена употребата на маслото од канабис во медицински цели во лечење на четири болести – рак, ХИВ, мултиплекс склероза и епилепсија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *