Легализацијата на канабисот може да донесе стотина милиони евра

Пратеникот Павле Богоевски од криминалистички аспект нагласи дека државите што ја промениле својата политика во однос на канабисот од аспект на декриминализација веднаш бележат поефективно управување со полициските ресурси.

Легализацијата на употребата на канабисот може да има економска бенефиција за граѓаните, за земјоделството и за државата. Земјоделците од канабисот може да произведуваат добиточна храна, биодизел, пелети и лекови, додека државата од оданочување на канабисот за медицинска употреба може да генерира значителни средства.

Ова беше разговарано на јавната расправа на тема „Економските и здравствените придобивки од легализација на канабисот”, што се одржа минатата недела во рамките на парламентарната Комисија за економски прашања во Собранието и на која учествуваа пратеници, адвокати, професори, експерти и претставници од граѓанскиот сектор.

Легализацијата на канабисот може да донесе стотина милиони евра

Конопот, што не содржи ТХЦ-материја, треба да се дозволи земјоделците да го садат и да им го продаваат на оператори, кои од него може да екстрахираат ЦБД-масло. Според сегашните законски решенија во Македонија полесно е да се сади афион отколку коноп, додека државата, пак, сè уште дава субвенции за садење тутун. Земјоделците од канабисот може да произведуваат добиточна храна, биодизел, пелети и лекови.

Според Филип Секуловски од НВО „Бивиум”, легализацијата има голем економски потенцијал и може многу да помогне за подобрување на економската и социјалната слика во Македонија.

– Со измената на законот од 2016 година Македонија може да се пофали со 16 компании што работат или се во фаза на подготовка. Потенцијалот на овој сектор во услови на донесена добра законска регулатива на среден рок, за некои четири до осум години, би можел да достигне бројка од стотина милиони евра, рече Секуловски.

Легализација на марихуаната за поефективно управување со полициските ресурси

Пратеникот Павле Богоевски од криминалистички аспект нагласи дека државите што ја промениле својата политика во однос на канабисот од аспект на декриминализација веднаш бележат поефективно управување со полициските ресурси.

– Сметам дека државната казнена политика треба да биде променета кон употребата на марихуаната. Треба да биде предвидена одредена количина марихуана што ќе биде сметана како количина за една употреба и доколку не биде пакувана во одделни пакетчиња наменети за продажба на мало да не биде сметана како основа за утврдување намера за дистрибуирање и тргување со тој канабис, рече Богоевски.

Доколку зборуваме за легализација, што е еден чекор понатаму од декриминализација на канабисот, може да кажам дека државите што го имаат направено тоа веднаш бележат огромни дополнителни приходи во својот буџет.

– Приходи што понатаму ги употребуваат во издигање на јавната свест. Одат во насока на доопремување на полициските станици и во буџетите на јавните обвинителства. Легализираната марихуана ги прави институциите на прогонот поефективни, поефикасни и поопремени да се справат со вистински опасните облици на трговија со дрога и психотропни супстанции, истакна Боговски.

Сојузната американска држава Мичиген, на пример, го оданочи рекреативниот канабис со 10 проценти и во 2017 години генерира 737,9 милиони долари, средства што се доволни за четири години да го исполнат буџетот на сите полициски станици во таа држава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *