Лазаров неизвесен: Цела нација во исчекување, лекарите го имаат последниот збор

Македонија на вчерашниот дуел против Шпанија го доживеа првиот пораз на ЕП во Хрватска. И тоа не би било толку страшно доколку во 10.минута од натпреварот Македонскиот капитен Лазаров не се пожали на повреда која го спречи да настапи во останатиот дел од натпреварот.Тоа беше голем шок за нашата репрезентација и секако македонските навивачи кои се во исчекување на информации за повредата на капитенот. Според информациите кои ги има 24Ракомет првичните прогнози за повредата на Лазаров се оптимистички. Лазаров бил на специјалистички прегледи во Загреб, по кои се очекува и официјално да се знае дали капитенот ќе биде во можност да и помогне на Македонија во продолжението на ЕП.

Во меѓувреме се огласи и самиот Лазаров кој побара трпение од македонските медиуми и јавноста. Според најновите информации официјалната потврда за тоа дали Лазаров ќе настапи во продолжение на ЕП ќе биде соопштена утре.
Едно е сигурно, додека има надеж Македонија ќе навива капитенот да се појави на терен на утрешниот натпревар.

Leave a Reply

Your email address will not be published.