Лажните вести далеку побрзи од вистинските информации

Лажните вести на интернет се далеку побрзи од информации. Причината е што корисниците на интернет се тие што најмногу ги споделуваат, повеќе отколку “ботовите” (програми што сами објавуваат на интернет). Ова е заклучокот на една студија објавена во американската ревија “Science”.

Студијата е правена во долг период од 2006 година до 2017 година врз основа на 126.000 информации, лажни или вистински, објавени на Твитер од страна на 3 милиони луѓе и објавени 4,5 милиони пати.

За да може ефикасно да ја утврди разликата помеѓу лагата и вистината во информациите, екипата на “Science” ја побарала поддршката на шест независни организации за проверка на факти. Помеѓу нив е Massachusetts Institute of Technology (MIT) кој заклучил дека лажните вести се споделуваат побрзо и допираат до поширока публика од вистинските.

На вистинските информации им треба шест пати повеќе време за да стасаат до 1.500 лица. Студијата открива дека оваа разлика не доаѓа од «ботовите» туку од самите корисници на интернет.

Овој феномен на објавување и ширење лажни вести е последица на природата на овие информации и нивната способност да го привлечат и изненадат корисникот на интернет. Вистинските информации не се толку атрактивни.

Употребата на «ботови» беше дел од истрагата на специјалниот американски обвинител Роберт Мулер за мешањето на Русија во изборите во САД. Според него, овие програми биле користени за да му се помогне на Трамп да дојде на власт и за да ја зголеми поларизацијата на американските граѓани.

Целата студија на англиски може да се прочита тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *