Куче застрелано со ловечка пушка во село Цера

Македонска Каменица, 08.01.2021 година – На 06.01.2022 во 16.40 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, А.А. од Македонска Каменица пријавил дека околу 16.30 часот во атарот на с.Цера, С.Н.(45) од Македонска Каменица со ловечка пушка застрелал едно куче на неговото семесјтво.

Како што стои во Билтенот на МВР бил извршен увид на местото на настанот, а полициски службеници од С.Н. одзеле ловечка пушка „баикал 12 Н-43“ и дозвола за оружје.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *