Култура: Во Делчево отворена Младинската ликовна колонија „Св.Пантелејмон 2020“

Во Делчево отворена Младинска ликовна колонија „Св.Пантелејмон 2020“. Ликовната колонија како што информираше, Методи Толевски, директор на Центарот за култура од Делчево ќе трае до 25 декември 2020 со почитување на сите протоколи за заштита од Ковид-19.
-На ликовната колонија ќе бидат изложени 11 дела од 7 малди уметници од Кочани ко исе дел од Ликовната колонија организирана од Центарот за култура „Бели Мугри“ од Кочани, под менторство на м-р Александра Димитрова. Денес на радост на љубителите на ликовната уметност делата од оваа ликовната колонија се во Делчево, рече Толевски.
По примерот на младите од Кочани, раководителот на Ликовната дејност при делчевскиот Центар за култура, очекува слични дела да произлезат и од младите таленти од Делчево, кои веќе една недела се дел од Ликовното атеље „Белогаски“.
–Овие дела се преземени од Ликовното студио „Бели мугри“ и како што можеме да видиме доста добро се потрудиле младите уметници. Се надеваме дека во иднина и од нашето студио кое започна со работа ќе произлезат слични дела, кои ќе може да ги претставиме пред пошироката јавност, додаде Александар Белогаски.
Ликовната колонија „Св.Пантелејмон 2020“ како што додадоа од Центарот за култура ќе биде отворена секој ден од 12 до 14 часот
Извор:МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *