КУД “Вера Јоциќ” настапи на Меѓународниот фолклорен фестивал во Сепарева Бања, Република Бугарија

Културно Уметничкото Друштво „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица на 02.Јуни 2019 година учествуваше на Меѓународниот фолклорен фестивал „Сапарева Бања“ кој традиционално се одржува во Сапарева Бања, Република Бугарија. КУД “Вера Јоциќ” на овој Меѓународен фестивал ја преставуви општина Македонска Каменица со игри и песни од Осоговието и кореографија на Малешевка. За изведбата и одличниот настап на МФФ “Сепарева Бања” каменичкото културно-уметничко друштво освои прво место, парична награда и плакета за најдобра сценска изведба на фестивалот.

Со ова КУД “Вера Јоциќ” од Македонска Каменица покажува дека во континуитет продолжува да ги негува, пренесува и шири нашите традиционални културни вредности кон идните генерации.

Линк до фотогалерија

Линк до видео од изведбата на Малешевска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *